Протести и жалби во Црна Гора по претседателските избори

Раководството на црногорската опозициска коалиција Демократски фронт поднесе во средата пред тамошниот Уставен суд жалба на одлуката на Државната изборна комисија за одбивање на нејзините приговори за регуларноста на претседателските избори одржани на 7-ми април, со кои се бараше поништување на резултатите од изборите на избирачките места на кои се гласаше по писмен пат,а судот има рок од 48 часа да одговори на жалбата.Изборниот штаб на опозицискиот претседателски кандидат Миодраг Лекиќ, исто така, во средата го предал во средата барањето до Управата на полицијата на Црна Гора за одржување на протест, најавен за сабота пред зградата на претседателот на земјата, соопшти за медиумите функционерот на Демократскиот фронт, Бранко Радуловиќ.„Протестите ќе бидат граѓански и позитивен собир, со јасни пораки и барања“, изјави Радуловиќ за медиумите додавајќи дека учесници на протестниот собир ќе бидат активни политичари и претставници на цивилниот сектор.Според Радуловиќ, собирот воопшто нема да биде како што сакаат да го претстават, како што рекол „режимските“ припадници и аналитичари, наведувајќи дека „нема да има никаква сличност меѓу овој и собирите од поблиското или подалечното минато во кои активно партиципираше денешниот режим“.И повеќето аналитичари оценуваат дека сценариото од пред 15 години тешко може да се повтори во сега независната држава Црна гора којашто преговара за полноправно членство во Европската унија.Инаку во текот на тридневните протести од јануари 1998 година, дел од поранешните функционери на Демократската партија на социјалистите (ДПС), собрани околу Момир Булатовиќ, бараше да не се признаваат резултатите од претседателските избори на кои Мило Ѓукановиќ, со околу пет илјади гласови повеќе, го порази поранешниот партиски колега. Протестите тогаш завршија со судир меѓу демонстрантите и полицијата, по што првите се обидоа насилно да влезат во зградата на владата.Претседателскиот кандидат на последните избори, Миодраг Лекиќ, кој ја оспорува победата на досегашниот претседател на Црна Гора, Филип Вујановиќ, исто така ја убедува јавноста дека нема место за никакви споредби меѓу најавениот протест на опозицијата со протестите од 1998 година, наведувајќи дека сега има поинаква атмосфера и целосно поинаква Црна Гора.„Ја забележуваме страшната и бедна пропаганда која нé враќа во деведесеттите, којашто ја спроведува режимот ни приказната за вонинстуционална борба, Се потенцира вонинституционалната рамка, а неа ја нема. Сево ова е во рамките на институциите и со цел тие да бидат ослободени за да работата согласно законите и Уставот“, вели Лекиќ.
МакфаксРаководството на црногорската опозициска коалиција Демократски фронт поднесе во средата пред тамошниот Уставен суд жал

Пронајдете не на следниве мрежи: