Во емисијата „Добро утро“ на српската телевизија Пинк, гостуваше аналитичарот Жељко Цвијановиќ.Во своето гостување, Цвијановиќ зборуваше за моменталната ситуација во Србија, но и се осврна на збиднувањата во Македонија кои ги оцени дека се намерно предизвикани за да се инсталира влада која повеќе ќе им одговара на западните земји.
„На Западните сили им се потребни слаби влади и вие го забележувате притисокот врз македонската влада“ – оцени тој.
На прашањето на водителката на кого му одговараат немирите по улиците, Цвијановќ објаснува:
„Во овој момент им одговараат на Западните сили, пред сѐ на Британија и САД затоа што тргнаа во пронатовско преформатирање на Централен Балкан, коишто тие самите го нарекуваат дел од Балканот кој е нивна недовршена работа. Значи, тука спаѓаат Македонија, Црна Гора, Република Српска, односно БиХ и Србија.“
Тој додаде дека притисокот за распишување на предвремени избори се должи на присилно намалување на рејтингот за да се инсталира влада која повеќе ќе им одговара на западните земји.
И во Србија се случуваат предвремени избори, кои Цвијановиќ ги оцени како мерка на претпазливост на Вучиќ за да не биде присилен од страна на странските фактори да распише избори.
Ова го спореди со притисокот врз Владата на Република Македонија и Никола Груевски, којшто беше уценет да се повлече од функцијата премиер на држава за да ги исполни условите за формирање на техничка влада.
„Ги одложија изборите еднаш, веројатно ќе ги одложат и втор пат затоа што рејтинзите покажуваат дека Груевски има мнозинство во однос на Заев. Пораката на западните сили до Македонците е: ќе имате демонстрации, ќе имате проблеми и ќе имате неподносливи услови за живот сѐ додека не гласате за оној за којшто ние сакаме да гласате.“Во своето гостување, Цвијановиќ зборуваше за моменталната ситуација во Србија, но и се осврна на збиднувањата во Македонија кои ги оцени дека се на