Хулиганите кои деновиве инструирани од Заев протестираат во Скопје, тепаат полицајци, кршат и уништуваат се пред себе, во петок ќе добијат поддршка од УЧК.„Села и ветераните на УЧК в петок ќе протестираат во Скопје“. Под овој наслов медиумите блиски до СДСМ информираат како понатаму ќе се одвива деструктивното сценарио од Бихаќка.
Во петок во 14 часот во Скопје е закажан протест кој е поддржан од Здружението на поранешни политички затвореници и прогонети Албанци во Македонија, од Организацијата на воени ветерани на Ослободителната Народна Армија (OVL-UÇK), од граѓанското општество, од движење за реформи – ДПА (LR-PDSH) и од Националнa Демократска Преродба (RDK).
-Ги повикуваме сите Албанци кои се спротиставуваат на ова владеење, кои се чуствуваат слободни, а не заробени, невладини организации, независни интелектуалци, политички партии и сите граѓани кои ја сакаат слободата, правдата, достоинството, напредокот во насока на градење перспектива и среќа, да му се приклучат на овој масовен протест, за да и кажеме СТОП НА ОВОЈ СИСТЕМ“, се вели во известувањето за протестот.
Зоран Заев и јавно излезе со поддршка на протестите кои прераснаа во насилни собири изминативе денови во главниот град. Хулиганите кои ги предводеше тепаа и пцуеа полицајци, а дел од нив им посакаа на припадниците на безбедносните сили да им се повтори Куманово, што значи реприза на битката со терористите кај Диво Насеље. Тој кобен ден Македонија загуби осум херои бранители.
Сега во петок, овие хулигани добиваат поддршка и од УЧК.„Села и ветераните на УЧК в петок ќе протестираат во Скопје“. Под овој наслов медиумите блиски до СДСМ информираат како понатаму ќе се