ФОТО: Повреден полицаец, насилство и вандализам и во другите градови на протестите организирани од СДСМ

Искршени прозорци, оштетувања на фасадата на општинската зграда во Битола, неред и нечистотија околу објектот се само дел од последиците кои утрово осамнаа после петтиот ден протести на група граѓани. И овојпат во првите редови помеѓу најгласните се најдоа претставници од Здружението „За нас се работи“, како и опозиционери, претставници од СДСМ и нивната коалиција во општинскиот совет.Ваквото недолично однесување, подгреано од силната желба за добивање на локалната власт во Битола, внесува немир помеѓу луѓето и не ја нагрдува само општинската зграда, туку напротив, токму инструинираните граѓани од страна на опозицијата и нивните сојузници наводно „непрофитни” организации, сакаат да ја уништат сликата на конзулска Битола, не само пред нашите сограѓани, туку и пред светот воопшто, притоа стопирајќи го процесот на реализација на голем број започнати проекти.
Таканаречениот „Транспортер“, никогаш не може да биде пандан на „ТАТ“, „Фринко“ или други протести кои беа резултат на уништувањето и директниот атак врз народот кој го реализираше арамиското работење на СДСМ. „Транспортер“ велат од општина Битола претставува измислен случај кој има за цел да фрли црна дамка врз долгогодишната работа на градоначалникот на општина Битола, кој во овој град реализира најмногу проекти од сите негови претходници.

Синоќа се протестираше и во Велес, кад есе случи и инцидент во кој повреден е еден полицаец.
„Околу 20:20 часот лице од Велес (1976) опожари палма во Младинскиот парк. Потоа, истото лице давало отпор додека било лишувано од слобода, при што полициски службеник е оттурнат и се здобил со повреда на раката“, велат од СВР-Велес.

На протестот во Велес можеа да се забележат воглавно постари лица, што беше причина за реакција на Ирена Ристиќ, позната во јавноста како водител на пропаднатиот соросов проект „Контравести“.
Ваквото недолично однесување, подгреано од силната желба за добивање на локалната власт во Битола, внесува немир помеѓу луѓето и не ја нагрдува сам

Пронајдете не на следниве мрежи: