Камиловски: Вандализмот е израз на крајно нецивилизирани и крајно примитивни луѓе

Кога не можеш да парираш со идеи, се вртиш кон вандализам и примитивизам, смета Маријан Камиловски, еден од авторите во проектот Скопје 2014, осудувајќи го сквернавењето на Порта Македонија од страна на демонстрантите под водство на СДСМ и СОРОС.Нивните изговори дека грда била портата, смета Маријан Камиловски, се само израз во кој доаѓа целиот тој примитивизам во кој се тие школувани и израснати. Тие се израснати со едни девијантни вредности и сега им е тешко да го прифатат она што е нормална вредност во западната цивилизација.
-Јас најстрого го осудувам тој вандализам кој е типичен за крајно примитивни и крајно нецивилизирани луѓе , израз на длабока фрустрација поради нивна лична искомплексираност и неможност да креативно да парираат на тој проект со идеи и тоа за жал е последица на едно долгогодишно идеолошко перење на мозок, вели Камиловски, кој е еден од авторите на Скопје 2014.
Особено значајно за забележување е што се удри по егзодусот на Егејците, кој исклучиво беше нападнат при што беа фрлани бои, па се наметнува прашањето на кого му сметаат Македонците од Егејска Македонија.
-Треба да потсетам дека терминот Егејци во негативна конотација е измислица на комунистичката партија која владееше и тие беа со негативен однос кон тие луѓе, како некои дојденци, узурпатори, по принципот раздели па владеј. Тие отсекогаш тоа го практикувале во Македонија, делејќи го Македонците по различни основи и фракции и тоа ден денес го прават. Фала му на Бога денеска фракцијата агресивна е во исклучително во мал број, вели Камиловски.
Главно тоа се луѓе од центарот на Скопје каде што всушност и беше сконцентрирана елитата на поранешната југословенска комунистичка партија, а денеска наречена СДСМ, потсетува тој.
-Мене ми е драго што народот е воздржан и што не им возвраќа. Гледате дека крајната цел е да се испровоцира широка коалиција а тоа е единствен начин тие да дојдат на власт затоа што на слободни избори тие ќе изгубат. А за да се случи широка коалиција треба да се случат насилства кои би биле изговор за странските сили  да вршат притисок за широка коалиција. Помалку или повеќе една варијантана на 2001 година, само што овој пат да се судриме сами против себе. Но јас мислам дека тоа нема да пројде бидејќи Македонците покажа едно високо ниво на свесност за ова што се случува и гледам дека се отфрла таа нивна пропаганда, заклучува Камиловски.Нивните изговори дека грда била портата, смета Маријан Камиловски, се само израз во кој доаѓа целиот тој примитивизам во кој се тие школувани и изр

Пронајдете не на следниве мрежи: