Груевски: Макотрпно се боревме да обезбедиме нови работни места

– Политичката криза во која се наоѓа земјата, смета претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, е многу лоша за општеството, но има и големо негативно влијание врз економијата, поради што се потребни дополнителни напори да се задржат инвеститорите и да се привлечат нови.– Многу е тешко вака да се функционира. Знам како беше и пред околу една година во овој период кога секојдневно тој излегуваше со фабрикуваните и креирани материјали. Многу е тешко и сега. Тешко е за инвеститорите. Тешко е да се задржат. Макотрпно се боревме да ги обезбедиме. Макотрпно се бориме да ги убедуваме да дојдат во Македонија за да отворат нови работни места. Прво да се вработат невработените, а кога ќе дојде до доволно мал број невработени да почнат да растат платите на вработените, рече Груевски во интервјуто за телевизија Канал 5.
Тој додаде дека таква борба за работни места во Македонија во минатото немало. Ние, рече, од осамостојувањето до пред седум, осум години гледавме само отпуштања, стагнации и намалување на плати, бркање од работа, а сега во последните седум, осум години гледаме масовни вработувања, нови фабрики, инвеститори, иднина…
– И сето тоа овој човек (Зоран Заев) ни го руши, со сите сили. Само за да освои лична цел и да му угоди за оној за којшто работи во целата оваа ситуација, рече Груевски.
Додаде дека економскиот тим на Владата каде, како што рече, ВМРО-ДПМНЕ го има најголемиот дел од министрите прави максимум да ги задржи инвеститорите со кои досега се преговарало.
– Еве последно што објавивме е со позната германска компанија која што се вика СТС текстаил за Демир Хисра да отворат фабрика. Луѓето кажаа дека ќе вработат само за почеток 150 луѓе, дека ќе дојдат до бројка од 1.000 луѓе, илјада луѓе за Демир Хисар е сериозна бројка, сериозна бројка на вработувања. Со нив сме во една подлабока фаза. Очекувам некаде за две до три недели да се потпише договорот и во текот на летото да почнат првите вработувања на невработени лица во Демир Хисар и демирхисарскиот регион, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Со многу луѓе, додаде, владиниот тим е во финални преговори, со многу компании.
– И затоа важни се изборите да помине 5 јуни да се завршат работите, да продолжи нашата борба за посреќна и побогата Македонија. Посилна држава со поголем број работни места кои се нудат и со повисоки плати. Да продолжи да функционира Парламентот затоа што без него не може ни пензии да се зголемат, ни закони да се носат за дополнително да им се помогне на различни категории  граѓани, рече Груевски. 
Тој најави скоро комплетирање на изборната програма на партијата и многу нови проекти во интерес на граѓаните. Таа, рече, ќе биде најголема и најсеопфатна досега – Поголемиот дел од ресорите веќе ги поминавме. Останаа уште неколку ресори што треба на големи состаноци да ги поминеме, да ги разгледаме сите идеи и да ги селектираме, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.
Посочи дека идеите се во од партијата, од  раководството, од граѓаните, од експерти, од наши сонародници од дијаспората… Додаде дека дел од проектите веќе почнале да ги промовираат, како проектот капка по капка за 80 проценти субвенција за секој земјоделец за систем за наводнување капка по капка.
Груевски во интервјуто го најави и проектот за помош на земјоделците преку земјоделски советници. тие, појасни, ќе бидат на база слична на матичнитге лекари, ќе бидат плаќани од државата по капитација односно по глава на земјоделец.
– Значи колку има привлечено земјоделци да им биде советник, толку соодветно ќе биде платен и ќе бидат добро платени. Ќе има голем интерес за таа професија, но тие ќе бидат должни неколку пати во годината да го посетуваат земјоделецот, да му даваат стручни совети базирани на новите научни истражувања во делот на земјоделството во светот, истакна тој.
За да се биде советник, освен завршен факултет, лицата ќе треба да полагаат и специјален испит за да добијат лиценца со траење од шест, седум години. – Потоа ќе треба да ја обноват со ново полагање, за да сме сигурни дека ги следат најновите, најсовремени земјоделски практики. Ќе треба да имаат добро познавање односно солидно познавање на англискиот јазик, за да можат да следат странска литература и странски медиуми каде што се објавуваат најновите научни достигнувања во истражувањата на земјоделието за да можат да ги разгледат и да им ги пренесат на нашите земјоделци во Македонија, истакна тој.
Истакна дека станува збор за скап проект бидејќи, како што рече, ќе биде нов трошок на буџетот.
– Досега не постоел, но земјоделците добиваат нов партнер. Ако досега државата им беше еден партнер, сега добиваат уште еден стручен, високостручен партнер, рече Груевски.
Детали за овој проект, како и за многу други, рече ќе има во партиската програма.– Многу е тешко вака да се функционира. Знам како беше и пред околу една година во овој период кога секојдневно тој излегуваше со фабрикувани

Пронајдете не на следниве мрежи: