– Мотивот на претседателот Ѓорге Иванов за актот за аболиција е патриотски и не може да се најде законска или уставна грешка, како што посочува опозицијата, но ние не можеме да да се согласиме да бидеме ставени во ист кош со еден класичен криминалец каков што е лидерот на СДСМ Зоран Заев, изјави вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.– Претседателот Иванов е претседател на државата зад кого застана ВМРО-ДПМНЕ. Иако не беше партиски кандидат, не беше член на партијата и сега не е, но сепак заради неговите квалитети и блиски ставови со нас, го предложивме и тој стана претседател на Република Македонија. И ние го почитуваме. Факт е дека за тоа што сега го направи не може да се најде некоја законска и уставна грешка иако СДСМ зборува за такви работи, измислува се и сешто, меѓутоа во тој дел перфектно ја има завршено работата во правно уставниот дел, рече Груевски во вчерашното интервју за ТВ Канал 5.
Можам да кажам, додаде тој, дека навистина мотивот е патриотски и токму затоа нашата реторика кон него во овие неколку дена е поумерена отколку реториката на СДСМ.
– Меѓутоа сепак ние не можеме да се согласиме да бидеме ставени во ист кош со еден калсичен криминалец каков што е Заев, со еден ноторен лажго, со човек кој е спремен да си ја продаде државата и државните интереси заради негов личен интерес. За мене лично е неприфатливо да бидеме во ист кош со една таква личност, со чвоек кој едно збори, друго прави, истакна Груевски.
Во Четвртата изборна единица, додаде тој, 62 отсто од граѓаните имаат негативно мислење за Заев, а помалку од 25 отсто имаат позитивно мислење.
– Не сакаме да бидеме во ист кош со еден таков човек кој ја лажеше целата нација дека бил најприслушкуваната личност во државата, а сега гледаме како сите нас не извади како прислушкувани, а него не го слушнавме, рече Груевски.
Потенцираше дека Специјалното јавно обвинителство ги анализираат само фабрикуваните разговори од луѓето од ВМРО-ДПМНЕ, а ниту негов разговор не анализираат и не поведуваат постапка за нив.
– Токму затоа јас лично, а гледам и голем дел од луѓето околу мене поднесоа барање до претседателот да најде некој правен основ да не изземе од сето ова за да не бидеме во клубот на овој човек кој ќе биде запамтен во негативниот дел во историјата на државата, рече Груевски во интервјуто за ТВ Канал 5.– Претседателот Иванов е претседател на државата зад кого застана ВМРО-ДПМНЕ. Иако не беше партиски кандидат, не беше член на партијата