Зоран Заев е политичар со криминално досие кој и помага на Грција во промена на името на Македонија, а имајќи го во предвид високиот рејтинг на Никола Груевски огромни се шансите Груевски повторно да биде премиер, се вели во текстот на Д-р Теодор Кариск за престижниот The Daily Caller.Правејќи паралела помеѓу 1990-те години, транзицијата и војните кои се водеа на Балканот по распадот на Југославија, Kариск објаснува дека лидери како што е Никола Груевски во Македонија, кој како што пишува повторно ќе биде премиер на Македонија, се ретки и дека Груевски ја предводел државата во еден систем на демократско владеење во и со добра волја.
-Ја предводеше нацијата кон евроатланска интеграција, позитивни економски политики и развој. Под негово владеење започнаа и процесот на евроинтеграција на Македонија во ЕУ и НАТО, пишува Др. Kариск.
За жал, пишува тој, нестабилноста поттикната од радикализам и мигрантска криза со која се соочува Македонија, повторно покажуваат моќ.
-Се оживуваат долго маргинализираните гласови, оние помалку демократските. Охрабрени од опасноста која доаѓа од Блискиот Исток, но и од лидерот на опозицијата, Зоран Заев, кој е обвинет криминалец, пишува Kариск.
Од друга страна, продолжува тој, јужниот сосед на Македонија, Грција, е бескрајно гневна на одлуката државата да се вика по своето уставно име Македонија.
-Како казна Грција континуирани ја опструира Македонија кон патот на интеграција на државата во ЕУ и НАТО. Лидерството на владејачката партија, ООН, како и Меѓународниот суд на правда, сите се едногласни дека барањата за промена на името се спротив меѓународното право. Од друга страна Зоран Заев и неговите социјалдемократи не прават услуга на државата со тоа што сугерираат приспособување кон позицијата на Грција, пишува тој.
Анти-демократската промена на власта било каде на Балканот заклучува тој, не е во ничиј интерес а најмалку на Западот. Слободните, транспарентни избори закажани на 5 јуни се во интерес на Македонија, на регионот и на целиот западен свет.
*The Daily caller е еден од најголемите веб њуз портали во САД со околу 35 милиони поединечни посетители.Правејќи паралела помеѓу 1990-те години, транзицијата и војните кои се водеа на Балканот по распадот на Југославија, Kариск објаснува дека лидери к