Охрабрувања за Белград, продолжување на дијалогот со Приштина неизвесно

Српските медиуми посветуваат големо внимание на сигналите кои доаѓаат од високи претставници на ЕУ и САД дека Белград уште не ги изгубил сите шанси за прифаќање на договорот за Косово и евентуалното добивање датум за почеток на преговорите за членство во ЕУ, а неофицијално се најавува дека во српската престолнина на 17-ти април ќе допатува шефицата на европската дипломатија, Кетрин Ештон.

 Дијалогот меѓу Белград и Приштина, сепак, нема да биде продолжен во Брисел на 15-ти и 16-ти април, како што се споменуваше во една од варијантите, меѓутоа засега нема повеќе информации за посетата на високата претставничка на Европската унија за надворешна и безбедносна политика, Кетрин Ештон на Белград најавена за 17-ти април, пишува во петокот Б92.
На тоа се надоврзува и изјавата, исто така, од петокот на српскиот премиер Ивица Дачиќ кој индиректно рече дека дополните преговори не се извесно, бидејќи „сé уште не е постигнат прифатлив договор со Приштина.
„Доколку се одеше во Брисел, ќе се одеше на потпишување или на конечниот круг, а тоа не се знае кога и дали ќе се случи , иако знам да е важно тоа да биде до 16-ти април поради датумот (за отпочнување на преговорите за членство на Србија во Европската унија – з.р.) Меѓутоа, потсетува, дека за тој датум ќе се одлучува во јуни”, изјави српскиот премиер Ивица Дачиќ за медиуми на меѓународната средба за борба против организиран криминал и корупцијата.
Дачиќ оцени дека Србија заслужила да добие датум за почеток на преговорите за пристапување на ЕУ, дури и доколку не постигне договор со Приштина, истакнувајќи дека на 16-ти април, денот кога Кетрин Ештон ќе го поднесе извештајот во Европската комисија, не „денот Д” за српските евроинтеграции.
„Ниту 160ти април е денот Д, ниту ќе се урнат сите наши сништа за СУ и Косово. Ќе осамне 17-ти април”, рекол Дачиќ нагласувајќи дека Србија сака продолжување на дијалогот и смета дека 2тоа треба да биде проследено со напредок во евроинтеграциите”.
Српскиот премиер додал дека „засега нема ништо ново во дијалогот меѓу Белград и Приштина”, бидејќи Србија бара „да биде подобрен понудениот договор за надлежностите на заедницата на српските општини на Косово и Метохија”.
Белградските медиуми ја истакнуваат изјавата на заменикот на помошникот на државниот секретар на САД, поранешниот американски амбасадор во Македонија, Фили Рикер, кој ги повика српските власи да го прифатат предлогот на Брисрл за нормализација на односите со Косово и да го продолжат дијалогот со Приштина за да се создадат услови за добивање на претпристапниот датум со ЕУ.
„Ја повикуваме Србија да ја искористи таа можност, бидејќи сакаме да видиме Србија дека ги исполнува условите за почеток на преговорите”, порача Рикер кој престојува во Белград.
Медиумите истовремено наведуваат дека во ЕУ во моментов се издвојуваат две страни, на едната е Берлин кој се спротиставува на доделувањето на датум за Србија без забележлив и одржлив напредок во преговорите со Приштина и внатрешните реформи, додека на другата стана е Франција којашто „единствена лобира за Србија” и повеќето други членки кои би се согласиле Србија да добие претпристапен датум од ЕУ.
Mакфакс
Српските медиуми посветуваат големо внимание на сигналите кои доаѓаат од високи претставници на ЕУ и САД дека Белград

Пронајдете не на следниве мрежи: