четврток, 12 ноември 2026
Најново

Невработеноста во Грција надмина 27 отсто

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Невработеноста во Грција во јануари достигнала ново рекордно ниво од 27,2 отсто, покажаа податоците на бирото за статистика објавени во четвртокот, кои ја оцртуваат длабоката рецесија.Стапката на невработеност со тоа речиси е тројно зголемена од почетокот на должничката криза во 2009 година, а повеќе од двојно е поголема од просекот на еврозоната кој изнесува 12 отсто.Elstat воедно ги ревидираше податоците за декември, според кои стапката на невработеност на крајот на 2012 година била 25,7 отсто.Грчката економија бележи пад на активностите веќе шеста година по ред, притиснато од даноци и намалување на јавната потрошувачка, кои беа побарани од меѓународните кредитори во замена за пакетот помош.Се очекува грчката економија годинава да се намали за 4,5 отсто.
МакфаксНевработеноста во Грција во јануари достигнала ново рекордно ниво од 27,2 отсто, покажаа податоците на бирото за стати

Поврзани вести