Оливер ја погази владината одлука – Сопругот на Ременски унапреден по втор пат

Сопругот на Ременски унапреден по втор пат. Оливер ја погази и Владината одлука.Како што дознава Нетпрес, техничкиот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски вчера попладне издал наредба правните служби во МВР да работат до доцна синоќа и да ги повторат сите незаконски решенија кои беа поништени од Владата.
Со одлуката на владата практично беа прогласени за ништовни незаконските унапредувања на сопругот на министерката фросина ременски и уште стотици други партиски послушници на сдсм кои беа унапредени спротивно на системот на кариера во МВР за по 7 нивоа нагоре во хиерархијата.
Практично без интерни огласи и без јасни критериуми беа поделени околу 500 решенија за само неколку месеци.
Со новиот потег на Оливер Спасовски освен што повторно е унапреден сопругот на Фросина Ременски, погазена е одлуката на Владата, во која што е член Оливер Спасовски и сторено е кривично дело преку нејзиното непочитување. За апсурдот да биде поголем, Оливер Спасовски и СДСМ излегоа со став дека си поднеле оставки и не учествуваат во владата.
Нетпрес дознава дека истото се случило и со министерката Фросина Ременски која поднесе оставка. Таа исто како и нејзиниот колега Спасовски ги изготвила истите решенија кои беа поништени.Како што дознава Нет

Пронајдете не на следниве мрежи: