Србија ќе праќа пензионери на бесплатна бања по примерот на Македонија

По примерот на Македонија која се грижи за достоинствен живот за пензионерите, Србија одлучи да ги прати српските пензионери на бесплатна бања.Македонија во изминативе неколку години успешно го реализира проектот Бањско-климатска рекреација на пензионерите, а српскиот Фонд ПИО денеска ги повика пензионерите во рок од 15 дена да се пријават за бесплатна десетдневна рехабилитација во една од 25-те бањи.
Право да се пријават на овој конкурс имаат српските пензионери од категориите, вработени, самовработени и земјоделците чии пензии за февруари 2016 година изнесуваат помалку од 23.463 динари, кои немаат други лични примања и не користеле бесплатен одмор на сметка на Фондот во последните пет години. Во бесплатната рехабилитација вклучени се транспортните трошоци, а Фондот ќе ги сноси трошоците за придружникот на дете кое користи семејна пензија по основ неспособност за самостојна работа и живеење.

За друштвениот стандард на пензионерите Фондот ПИО во 2016 година обезбеди 360,96 милиони динари, што е 0,1 отсто приходи остварени од придонесите, а најголемиот дел 93,3 отсто е наменет за бесплатна рехабилитација во бања.
Проценките се дека на рехабилитацијата ќе заминат околу 12.000 српски пензионери.
Во Македонија пак, проектот бесплатна бањско-климатска рекреација на пензионерите започна да се имплементира од 2010 година и заклучно со 2015 година услугите од овој проект ги искристиле 32.632 корисници на пензија.
Услуга опфаќа 6 полни пансиони, ноќевање со три оброка дневно, бањска терапија, здравствен преглед и трошоци за превоз. Овој проект во Македонија продолжува и во 2016 година.Македонија во изминативе неколку години успешно го реализира проектот Бањско-климатска рекреација на пензионерите, а српскиот Фонд ПИО денеска ги п

Пронајдете не на следниве мрежи: