ЧУДО ВО ТРУБАРЕВО: Заплака иконата на Пресвета Богородица

Со иконата на „Пресвета Богородица“ во црквата во Трубарево од утрово се случува невообичаена работа, пренесува порталот Религија.мк.Веднаш по неделната литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона. По извесно време целата икона била оросена. Ваквите случувања во црквата обично се нарекуваат „мироточење на икони“, нешто што не е непознато и честопати се појавува во многу цркви.
Сепак, засега никој не може да потврди дали во овој случај станува збор за „мироточење на иконата на Пресвета Богородица“, или пак водените капки кои се појавиле се резултат на нешто друго.
Црквата во моментов е затворена во исчекување на посетата од Архиепископот на МПЦ,  г.г. Стефан.
-Постојат начини како тоа се проверува, тоа е процес и кога ќе се утврди вистинската состојба, може да се одговори што точно се случува, нема потреба да се создава атмосфера дека е тоа некое чудо, велат од МПЦ.
фото: Религија.мкВеднаш по неделната литургија, присутните забележале капки налик на вода на самата икона. По извесно време целата икона била оросена. Ваквите случу

Пронајдете не на следниве мрежи: