Рејтинзите не се изненадувачки, затоа што ова е тренд кој трае подолго време. Негативната кампања носи негативен рејтинг, а позитивната обратно. Опозицијата остана глува на тие совети и по Пржинскиот договор постојано паѓа рејтингот на опозицијата, а расте на позицијата, вели во интервју за ТВ Нова аналитичарот Александар Даштевски.-Сметам дека тие повеќе треба да се занимаваат со работа на терен, со пропагирање на политичка програма, со реформи во својата партија, бидејќи знаеме дека голем број на кадри кои беа многу квалитетни си отидоа од таа партија, така што тоа е најважно за да го зголемат рејтингот, кажа Даштевски.
Според него, рејтинзите отсекогаш ја покажувале реалната слика, уште од почетокот на парламентарниот систем во Македонија.
-Поради тоа, сметам дека опозицијата не сака да излезе на избори, бидејќи никогаш до сега во историјата не бил попрочистен избирачкиот список и се бараат разни изговори како што се медиумите итн. Сето тоа е поради оправдување на изборниот пораз кој треба да го доживеат на 5 јуни бидејќи рејтинзите го покажуваат тоа, вели Даштевски.-Сметам дека тие повеќе треба да се занимаваат со работа на терен, со пропагирање на политичка програма, со реформи во својата партија, бидејќи зна