Прилепчани упатија порака преку транспарент во центарот на градот до СДСМ

Во пресрет на посетата на техничката министерска за труд и социјална политика на Прилеп Фросина Ременски, бившиот потпретседател на Светски македонски конгрес, која не го осуди нападот на доскорешниот колега Тодор Петров, Прилепчани упатија порака преку транспарент во центарот на градот до СДСМ.Прилеп се сеќава на погубните политики на СДСМ за прилепското стопанство, на уништувањето на големи гиганти и бркањето на 15 000 луѓе од работа. Таа црна дамка од криминално спроведентата транзиција на СДСМ Прилеп ја чувствува и денес.
Да потсетиме кој доаѓа во Прилеп. Доаѓа министерката која од првиот ден од нејзиното поставување единствено нешто што направи е партизирање на центрите за социјални работи, министер со секојдневни гафови и министер кој предизвика бројни реакции во јавноста како резултат на тие неконтролирани изјави.
Оваа порака на Прилепчани боди како шило, ова е порака од грлата на илјадници гладни усти и затворени куќи кои ги остави СДСМ за време на нивното владеење во Прилеп.Заради сето ова ваквите политичари се непожелни во градот херој Прилеп.
 Прилеп се сеќава на погубните политики на СДСМ за прилепското стопанство, на уништувањето на големи гиганти и бркањето на 15 000 луѓе од рабо

Пронајдете не на следниве мрежи: