Градоначалникот на Лондон им се противи на ЕУ и САД за спорот со името на Македонија!

Во пресрет на претстојната посета на американскиот претседател Барак Обама на Велика Британија, каде што ќе им предложи на Британците да останат во Европската Унија, градоначалникот на Лондон, Борис Џонсон изјави дека: „Доаѓањето на чичко Сем е всушност дел од едно срамно и прекумерно лицемерие“ и дека ниту една држава нема право да ѝ кажува на друга како да ги менаџира внатрешните работи.Остриот сарказам на Џонсон, продолжува: „На луѓето во Британија ќе им биде кажано да бидат добри со себе и да прават добри работи. Од страна на нашиот најголем сојузник ќе нѝ биде кажано дека е во наш интерес да останеме во ЕУ, без разлика какви недостатоци ние претчувствуваме дека ќе има самата организација. Не е важно губењето на суверенитетот,  трошоците, бирократијата во организацијата и неконтролираната имиграција.“
За „губењето на суверенитетот”, Џонсон ја погоди суштината во сржта.
Спроведувањето на кој било кој од неговите аргументи во САД и ЕУ, бара Македонија да го смени името за да се смири Грција. Само прашајте го Британецот Робин О'Нил, кој беше првиот посредник на ОН за спорот со името меѓу Македонија и Грција и ќе ви каже: „Македонија не смее и нема да го смени своето име за да ги задоволи Грците. Ако Македонија подлегне на притисокот и го смени своето име, тоа само ќе им даде повеќе сила на Грците во настојувањето да стигнат до својата крајна цел – Македонија да исчезне од географската карта.”
Борис Џонсон вели: „Не постои земја во светот што го бранела сопствениот суверенитет со таква хистерија како што се Соединетите Американски Држави.“
Зошто тогаш е прифатливо за САД да го загрозува суверенитетот на Македонија со барање за промена на името? Ова е поентата на Џонсон.
Соединетите Американски Држави, исто како и Велика Британија и поголемиот дел од светот, веќе ја признаа Македонија со употреба на нејзиното вистинско име.
Сепак, само едно нешто може да ги објасни активностите на САД, а тоа е глупавото верување дека тие најдобро знаат како треба и дека имаат право да се мешаат во надворешната политика. Прашањето за името на Македонија се сведува на здравиот разум. Не може една нација да има право да именува друга. Името на Македонија отсекогаш било Македонија.
Грција го негираше нејзиното постоење и пред 1988 година за тогаш, како што призна и поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис, да го наметне спорот за името како изговор да продолжи со негирање на постоењето и со прогонство на своето големо македонско малцинство.
Западот ја распарчи Македонија во 1913 година меѓу Грција, Бугарија и Србија (од која еден дел подоцна отиде во Албанија) и Македонците повеќе од 100 години се жртва на обидите на разни влади за да бидат искоренети како нација и присилно да бидат асимилирани.
Дел од Македонија прогласи независност во 1991 година, а сега Западот, предводен од САД се олицетворува во фарсата „преговори за името“ со посредство на ОН – бара од Македонија да се согласи на „компромис” за своето име.
„Привремено” (преку две децении), ОН ја ословува Македонија како „FYROM” (Former Yugoslav Republic of Macedonia). Мора да им е многу интересно на македонските спортисти кога чекорат на церемониите на отворање на олимпијадите позади табла со буквата „F“.
Како би изгледало ако САД бидат наречени „FBCOA“ (Former British Colony of America). Тие попрво би прогласиле војна отколку да прифатат какви било преговори за името. Ако било кои од точките на Борис Џонсон беа применети за ситуацијата во Македонија, ние би го немале денес целиот овој хаос. Да видиме дали Велика Британија ќе може да го научи својот помлад американски брат на некое добро расудување и да се откаже од преговорите за името Македонија како напад врз човековите права и здравиот разум.
Бил Николов, претседател на Македонското меѓународно движење за човекови праваОстриот сарказам на Џонсон, продолжува: „На луѓето во Британија ќе им биде кажано да бидат добри со себе и да прават добри работи. Од страна

Пронајдете не на следниве мрежи: