четврток, 12 ноември 2026
Најново

Трговски тензии меѓу Албанија и Косово

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Албанските погранични власти повеќе од пет дена го имаат блокирано косовското брашно на границата, кое требало да влезе во Албанија за продажба.

Албанските медиуми јавија дека не се дозволува брашното од компанијата М-Силос да биде внесено во Албанија, бидејќи албанските власти бараат да има анализи за афлатоксинот во брашното.
Медиумите нагласуваат дека оваа е противмерка на Тирана поради блокирањето на албанското млеко на Косово, што се случи пред неколку недели.
Шефот на албанската дипломатија Едмонд Панарити изјави дека треба веднаш да се заштити интересот на потрошувачите, како во Албанија, така и во Косово.
Прехранбените стандарди се определени со меѓународни конвенции и тие треба да се почитуваат, додаде Панарити.
Maкфакс
Албанските погранични власти повеќе од пет дена го имаат блокирано косовското брашно на границ

Поврзани вести