Аматеризмот на Оливер Спасовски ризик за граѓаните

Една непроверена информација која што дошла до техничкиот министер Оливер Спасовски, беше причина за сериозно вознемирување на јавноста.Наместо соодветни оперативни проверки и обезбедување на дополнителни аргументи во прилог на информацијата, Спасовски процени дека е најсоодветно да се кренат полициските специјалците засилени со борбени возила и хелихоптери.
Ефектот од најголемата операција иницирана од министерот на СДСМ е паника во јавноста, огромен трошок за МВР и нула приведени лица. Јавноста од него, денеска можеше да слушне само блед обид да се одбрани аматеризмот и да ја оправда одлуката со образложение дека целокупниот ангажман на полицијата бил во насока на превенција и спречување на криумчарење мигранти.
Јавноста памети дека за акциите на МВР во изминативе 10 години се дознавало дури откако тие ќе бидат реализирани, а МВР постапувало исклучиво по претходно проверени информации. Полициските специјалци точно знаеле каде влегуваат, зошто влегуваат и кого бараат. Синоќешниот излет на Оливер Спасовски, професионалците во МВР го толкуваат како акт на аматеризам и некористење на сите ресурси на министерството за соодветна проверка и докажување на информациите.
Ист таков случај видовме и пред неколку дена со Централниот регистар. Тогаш припадниците на мобилната Алфа единица беа поставени цела вечер пред институцијата само заради наводна анонимна пријава дека некој ќе уништувал документи во Централниот регистар. Повторно аматеризмот на Оливер Спасовски излезе на виделина. Централниот регистар е институција без хартија.
Доколку Оливер Спасовски се потрудел да се информира ќе дознаел дека оваа „анонимна пријава“ е лажна. Во Централниот регистер се е компјутеризирано. Создаван е уште во 2001/2002 година по урнек на норвешкиот, кој во тој период бил еден од најдобрите и најсовремени. Во Централниот регистар има само компјутери и софтвери, а од Светската банка во 2014 година беше прогласен за најдобар во Европа, пред норвешкиот и 6 во свет.
Неколку дена после оваа акција на Оливер Спасовски, повторно молк. Нема ниту една информација околу анонимната пријава. Дали има некој осомничен за уништување на документи и дали е обезбеден некаков доказ во прилог на анонимната пријава. Нема ништо освен обидот за ПР на Оливер Спасовски дека наводно работи нешто и дека организирал некаква акција.
Ова се двата најнови примери за аматеризмот и незнаењето на кадрите на СДСМ одговорни за безбедноста, чија цена ја плаќаат граѓаните на Република Македонија.Наместо соодветни оперативни проверки и обезбедување на дополнителни аргументи во прилог на информацијата, Спасовски процени дека е најсоодветно да

Пронајдете не на следниве мрежи: