На автопатот Тетово-Скопје, кај Смилковско езеро, вчера околу 7,30 часот се случила сообраќајна незгода во која животот го загубил А. М. (56) од Охрид кој управувал со возило ПМВ „БМВ Х6“ со охридски регистарски ознаки.Според полицискиот билтен, возачот излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот пат с.Смиљковци-н.Бутел.
По незгодата сопатниците Н.М. (22) и дванесетгодишно дете, двајцата од Охрид, биле пренесени во Ургентен центар – Скопје каде им е укажана лекарска помош и им се константирани тешки телесни повреди. Тие биле задржани за понатамошно лекување. Додека кај возачот А.М. на местото на настанот, од страна на доктор од Итна медицинска помош, е константирана смрт.
Увид на местото на настанот извршиле ЈО и екипа од ОУСН-Скопје.Според полицискиот билтен, возачот излетал надвор од коловозот, удрил во метални еластични одбојници, се извртел со возилото и запрел на локалниот