Криминалците на Заев го узурпираа Струмичкиот карневал!

Зоран Заев заедно со неговите „компањони“ вчеравечер го узурпираа струмичкиот карневал, кога наместо маските, централно внимание беа „ѕвездите на вечерта“ сопругата на Верушевски, Соња Верушевска и Сефер Цановски, еден од главните финансиери на СДСМ, претходно вмешан во криминал заедно со неговиот татко Фијат Цановски, пишува Инфомакс.Наместо маските и забавата, струмичкиот карневал вчера се претвори во дефиле на криминалци благодарение на струмичкиот градоначалник Зоран Заев, кој централно место им посвети на „ѕвездите на вечерта“, кои инаку се вмешани во сериозен криминал.
Имено, Соња Верушевска е дел од обвинетите во случајот „Пуч“ заедно со нејзиниот сопруг Зоран Верушевски откако при претрес на нејзиниот дом таа се обиде да го уништи телефонот преку кој се допишувала со Александар Верушевски, договарајќи ги активностите кои треба да ги преземат за да извлечат автомобил, компјутер и пари од страна на Заев како противуслуга за нелегалните монтирани прислушкувани материјали.
Соња Верушевска вчера завзема централна позиција на масата на која традиционално треба да бидат присутни организторите на карневалот, меѓународните претставници од Европската федерација на карневали, како и главните односно, наградените маски. Но, очигледно за Зоран Заев поважни се „компањоните“ криминалци.
Освен Соња Верушевска, карневалот беше посветен и на Сефер Цановски, син на Фијат Цановски кој нелегално се обиде да изгради стамбен објект како дивоградба, а откако согласно законот дивоградбата беше отстранета, бара оштета од државата.
Извор: ИнфомаксНаместо маските и забавата, струмичкиот карневал вчера се претвори во дефиле на криминалци благодарение на струмичкиот градоначалник Зоран Заев, ко

Пронајдете не на следниве мрежи: