Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, најави дека за најмногу две години ќе замине во пензија.
Брајант кој ја игра својата 17-та сезона во НБА лигата, во кариерата има освоено пет шампионски титули, но само еднаш ја освоил индивидуалната титула за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната.
„Најверојатно ќе одиграм уште две сезони. Можеби дури и следната година да значи крај на мојата кариера. Тоа е една од оние работи за кои верувам дека ќе ја почувствувам кога ќе се разбудам некое утро. Кога ќе го почувствувам повеќе нема да се вртам наназад“, рекол Брајант.
Актуелниот договор на Брајант со ЛА Лејкерс истекува на следната сезона, за евентуална дополнителна соработка тој ќе решава во лето 2014 година.
Брајант во текот на кариерата има просечни по натпревар 25,5 поени, 5,3 скока и 4,7 асистенции.
МакфаксЕден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Коби Брајант, најави дека за најмногу две години ќе замине