Како се најдоа 70.000 разговори во Фабриката за афери?

Генералниот секретар на СДСМ и технички министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски, бега од одговорите кои и ги должи на јавноста.Тој денес избегна да одговори на прашања за тоа како се најдоа 70.000 разговори во Фабриката за афери на СДСМ и настапи како портпарол на Катица Јанева.
Спасовски одбегнуваше одговори и бегаше од одговорност и на вчерашната бледа и конфузна прес-конференција.
Тој одбегна да одговори дали се познава со Зекир Бекири Чауш и Аднан Сума и за што разговарале на средбите, иако од фотографиите е видливо дека тие имале соработка.
-Имам контакт со многу граѓани на Република Македонија и од оваа позиција и од позицијата која претходно ја имав, и тоа воопштво не е важно.Кога ви кажувам дека имам контакти со многу лица во Македонија тоа значи контакти се можни од секаков аспект, рече вчера Спасовски.
Голем дел од новинарите не разбраа зошто Спасовски одржа прес-конференција кога на сите конкретни прашања одбегнуваше да даде прецизен одговор. Кога помислија дека на денешната прес-конференција ќе можат да ги добијат одговорите кои јавноста ги бара од Спасовски, тој молчеше пред фактите и денес.Тој денес избегна да одговори на прашања за тоа како се најдоа 70.000 разговори во Фабриката за афери на СДСМ и настапи како портпарол на Катица Ја

Пронајдете не на следниве мрежи: