Милошоски: СДСМ произведува лажни афери, ВМРО-ДПМНЕ реални проекти

-СДСМ бара изговори и причини да не оди на изборите закажани за 24-ти април. Невработеноста ја намаливме од 38 на 25,5 отсто, што е рекордно ниска стапка на невработени лица. Додека СДСМ произведува лажни и фабрикувани афери, ВМРО-ДПМНЕ остварува реални проекти од кои добробит имаат сите граѓани, истакна пратеникот Антонио Милошоски на вечерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Валандово.Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски рече дека во моментот се гради над 155 километри нова автопатска мрежа.
– Градиме нов автопат од Миладиновци до Штип. Догодина ќе се градат шет експресни патишта. Станува збор за патот од Штип до Кочани, Штип – Радовиш, Ранковце – Крива Паланка, Градско – Прилеп и Охрид – Пештани.. Го градиме патот од Велес до Кадрифаково. Нна запад градиме нов автопат од Кичево до Охрид, најзначајната инвестиција од тој регион. Планираме да започнеме да го градиме автопатот од Гостивар до Кичево. Во овој регион го градиме автопатот од Демир Капија до Смоквица, отпочнавме со реконструкција на автопатот од Смоквица до Гевгелија, инвестиција од 4 милиони евра, рече министерот Мисајловски.
Тој нагласи дека исто така на Коридорот 10 го рехабилитираат автопатот од Велес до Катланово, а набрзо ќе започне и рехабилитацијата на делницата од Куманово до Скопје.
-Градиме пруга кон Бугарија, градиме пруга кон Грција, проектираме пруга кон Албанија. Купивме нови патнички возови и 150 товарни вагони, вкупна инвестиција од над 500 милиони евра.  Донесовме измени во законот за легализација со кои ги продолжувме роковите за легализација, рече Мисајловски.
Министерот нагласи дека  исто така понудиле и проекти за типски куки со кои бесплатно даваат проект за сите што сакаат да изградат куќи, така што субвенционираат од 900 до 2500 евра.Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски рече дека во моментот се гради над 155 километри нова автопатска мрежа.
– Градиме н

Пронајдете не на следниве мрежи: