Чавков: Најдена е широка палета на фалсификувани документи за идентитет

Знам дека има индикации дека се работи за субјекти што се познати не само на национално ниво. Нивните активности имаат и прекуграничен карактер, односно индикации дека се вклучени во транснационален криминал поврзан со фалсификување документи. Најдени се една широка палета фалсификувани документи за идентитет.Ова денес го истакна дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Чавков коментирајќи го откривањето на фабриката за изработка на лажни документи.
-Мојот прв коментар беше дека за да нема шпекулации, потребно е да се преземат итни мерки и активности за да се расчисти прашањето дали овие лични документи се икористени за изборни цели. Со едноставни проверки во ДИК и статистика се даде одговор на ова прашање и се утврди дека, дефинитивно, тие лични карти не беа употребени во изборниот процес. Меѓутоа, припадниците на МВР продолжија со своите активности и дадоа одговор на прашањето кој ги има. Не би сакал да прејудицирам со детали од истрагата, која е во надлежност на ЈО, но останува прашањето зошто и дали фалсификуваните документи со лични податоци се употребени за други цели – вели Чавков.
Тој изрази уверување дека Јавното обвинителство заедно со Одделот за борба против организиран криминал ќе спроведат темелна истрага и ќе ги расчистат сите аспекти на овие криминални активности.Ова денес го истакна дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи Митко Чавков коментирајќи го откривањето на фабриката за изработка на лажн

Пронајдете не на следниве мрежи: