Заради нормално одвивање на наставата во услови ниски темпрератури, ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ од Берово изврши јавна набавка преку која е набавен и инсталиран нов нискотемпературен челичен котел на нафта.Неопходноста од оваа набавка беше заради дотраеноста на стариот котел на нафта кој е инсталиран пред 30тина години што го доведуваше во прашање затоплувањето во училишната зграда заради можноста од негово откажување поради дотраеност.
Новиот котел е со номинална топлинска јачина од 1000kW, со комплетно монтирање на командна табла, мерни инструменти, соодветна изолација, горилник на нафта комплетиран со пропратна арматура и потребни елементи и циркулациона пумпа со капацитет од 10m3/h.
Системот на котелот на нафта е покренувачкиот систем на парното греење во ООУ „Дедо Иљо Малешевски“ во Берово, каде додатно има уште 3 парни котли на дрва.
Средствата за реализација на проектот во висина од околу 1 милион денари се обезбедени од Буџетот на општина Берово преку наменските дотации од МОН за ООУ „Дедо Иљо Малешевски“.Неопходноста од оваа набавка беше заради дотраеноста на стариот котел на нафта кој е инсталиран пред 30тина години што го доведуваше во прашање зат