ВМРО-ДПМНЕ неколку пати во годината доаѓа на средби со жителите на општина Чашка и на сите општини во Македонија, истакна министерот Диме Спасов, за време на трибината на владејачката партија во рамки на кампањата „На Македонија ѝ треба твојата идеја“.-Нашата партија стана и остана препознатлива како единствена партија, која она што ќе го вети го остварува. Која што пред секои избори доаѓа пред граѓаните, ги собира идеите на граѓаните, го слуша гласот на народот, ги слуша предлозите кои што ги имаат граѓаните за подобар живот во нивната општина и за подобар живот во Македонија, истакна Спасов.
Потоа, додаде Спасов, ние седнуваме ги разгледуваме идеите и ја правиме програмата која ни ја носи победата во изминатите избори и победа која ќе следи и понатаму.
-Тоа е програма која што ги нуди решенијата за проблемите со кои се соочуваат граѓаните. Програма која што обраќа внимание на секоја општина во нашата држава токму поради ваквите средби. Затоа ве повикувам да ги искористите ваквите средби , да ги дадете вашите идеи за да ги земеме во предвид и да ја направиме најдобрата програма до сега која што ќе и ја донесе новата победа на ВМРО-ДПМНЕ на изборите во април следната година, подвлече Спасов.
ВМРО-ДПМНЕ, додаде Спасов, за разлика од СДСМ изминатиот период беше отчетна партија која што дава отчет за сето она што е реализирано и партија која не бега од народот.
-ВМРО-ДПМНЕ во преполни сали заедно со народот ја работи програмата, за разлика од СДСМ кои што целата нивна енергија, целиот нивен капацитет, каков таков, го користат за тоа како да и нанесат штета на нашата држава. За како да ја оцрнат Владата, за како да ја оцрнат Македонија без ниту грам љубов за нашата држава, со заткулисни игри, со црни сценарија да нанесат што е можно поголема штета, истакна Спасов.-Нашата партија стана и остана препознатлива како единствена партија, која она што ќе го вети го остварува. Која што пред секои избори доаѓа пред г