Одговорив на сите прашања без исклучок. Секој доби одговор, дури на крајот добар дел од нив немаа доволно прашања, не ги искористуваа своите права да ги постават сите по број прашања што можат да ги постават, затоа што се исцрпија прашањата, изјави премиерот Никола Груевски кој денеска на покана на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето во својство на сведок дојде на време и одговараше на сите поставени прашања од страна на членовите на комисијата.Се повикав на членот 4, став 4, истакна Груевски, од причина што единствената програма на СДСМ е да се создава конфликти, тензии, деструкција, ширење на омраза и не сакав, подвлече, да им го пружам тоа задоволстов денска.
– Одговорив на сите прашања, ги кажав вистинските одговори. Тоа се работи што во најголем дел и јавно сум ги кажал и сум ги споделил со јавноста, така што нема нешто што досега не е споделено со јавноста од она што го кажав. Мислам дека покрај оваа Анкетна комисија следува односно вистинската Анкетна комисија ќе биде онаа на народот на 24.април следната година, изјави премиерот Груевски.
На новинарско прашања да ја коментира изјавата на претседателот на Анкетната комисија Петре Шилегов дека ја „торпедирал“ комисија, Груевски дециден дека одговорил на сите прашања, а сите имале право да постават онолку прашња колку што е предвидено со деловникот. Дел од членовите, посочи, го искористија правото да ги постават сите прашања, дел не затоа што пред нив веќе некој ги поставил прашања.
– Не само што не сум ја торпедирал, туку напротив одговорив совесно, одговорно и навреме дојдов да одговорам на сите прашања и да ја кажам вистината во очи на сите коишто сакаат на било кој начин да ја искриват таа вистина, потенцира Груевски.
На прашањето дали до крај ќе се испочитува договорот од Пржино, премиерот Груевски истакна дека договорот од Пржино мора да се испочитува и мора да има избори на 24.април 2016 година.
На изјавата на Шилегов дека одговорите на Груевски личеле на хумор, претседателот на Владата подвлече оти е очигледно дека Шилегов имал други очекувања.
– Мислам дека тој е тој што сакаше да направи хумор денеска односно да внесе тензија, деструкција, да внесе говор на омраза, тоа е нивната програма. Нашата програма е правење проекти, програма на отворање нови работни места, изјави Груевски и ги покани медиумите во 19 часот во Владата каде што ќе биде објавенае нова инвестиција, која ќе отвори многу нови работни места.
Претходно, Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека во овој дел на Анкетната комисија поминала со поставени многу прашања и добиени многу одговори од страна на претседателот на Владата Никола Груевски и оти најголем дел од одговорите, како што рече, биле утврдување на одредени факти поврзани со скандалот околу прислушкувањето.
– Задоволни сме што претседателот на Владата имаше време да даде одговор на сите поставени прашања од членовите на Анкетната комисија и се надевам дека и сите ќе послужат за изготвување на извештајот што треба да биде готов кон крајот на јануари, истакна Милошоски.
Тој додаде дека на седницата имало и други теми кои се присутни во јавноста или биле политички присутни во јавноста, но бидејќи станува збор за затворена седница, рече, ќе ги почитува правилата.
Според Шилегов, Груевски одбрал наместо јавно и транпарентно да ги даде и да ги понуди своите одговори, јавноста да биде исклучена од сослушувањето, испрашувањето и давањето негова изјава.
– Пет часа ни траеше сослушувањето. Оваа Анкетна комисија е составена за овде да дојдат да сведочат луѓе. Прашањето е што македонската јавност очекува актерите на прислушуваните разговори јавно да проговорат, изјави Шилегов.
Шилегов информираше дека утре е закажана седница на Анкетната комисија за сослушување на Миле Јанакиески.Се повикав на членот 4, став 4, истакна Груевски, од причина што единствената програма на СДСМ е да се создава конфликти, тензии, деструкција, шире