Државниот архив на Република Македонија Ве известува дека симпозиумот „Стогодишнината од Првата светска војна, фронтот кај Чанаккале – нивните глобални последици“ наместо во 10:00 ќе се отвори во 13:00 часот поради лошите временски услови, кои ја спречија турската делегација да слета на Скопскиот аеродром на 8. декември. Симпозиумот ќе се одржи во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите во Скопје на 9 и 10 декември 2015 година и на 12 декември 2015 година во Битола во организација на Универзитетот „Св. Климент Охридски“.
Настанот ќе се одржи во соработка со Генералната дирекција на државните архиви на Република Турција, а ќе го отворат директорот на Државниот архив на Република Македонија д-р Филип Петровски и проф. д-р Џезми Ераслан од Институтот за начелата на Ататурк и историјата на обновата на Турција при Универзитетот во Истанбул. На отворањето ќе се обрати и Претседателот на Република Македонија, Н.Е. Ѓорѓе Иванов, кој воедно е покровител на настанот.
Ви благодариме за разбирањето и ве очекуваме на отворањето.Симпозиумот ќе се одржи во амфитеатарот на Македонската академија на науките и уметностите во Скопје на 9 и 10 декември 2015 година и на