Позитивната листа на лекови ќе се проширува, а најголем дел од лековите кои ќе се најдат на неа ќе бидат лекови коишто ги користат малигно заболените, изјави денеска премиерот Никола Груевски.- Станува збор за т.н. прва линија лекови, односно лекови кои се прво препорачани од страна на лекарите согласно медицината базирана на докази. Процедурата веќе е започната во Министерството за здравство. За 15 до 20 дена треба да се отвори тендер за дел од нив, да започне процедурата за ставање на позитивната листа со сите потребни процедурални активности. Дел од нив се почнати, но интерно во Министерството за здравство. Следува работа на Комисијата од лекари, законски процедури за тоа…., нагласи Груевски, одговарајќи на новинарско прашање по отпочнувањето со изградба на логистичко – дистрибутивниот центар „Тинекс“ во индустриската зона Чојлија.
Според проценките, како што посочи премиерот Груевски, целата процедура треба да заврши од три до четири месеци, односно до март или најдоцна почетокот на април по што 15-тина лекови нови лекови од кои најголем дел за малигни заболувања ќе се најдат на позитивната листа.
– Нашата намера е да се овозможи достапност до поновата генерација на лекови за рак на дебело црево, воспалителни болести на цревата 9 кронова болест, улцерозен колит), ревматоиден артрит и мултиплекс склероза…, рече Груевски.
Според него, со ова на болните ќе им се овозможи на позитивната листа да ги имаат најпрепорачаните лекови по медицина базирана на докази кои произлегуваат од т.н. протоколи преземени од меѓународните протоколи во најразвиените земји.- Станува збор за т.н. прва линија лекови, односно лекови кои се прво препорачани од страна на лекарите согласно медицината базирана на докази. Про