Врнежи од дожд во текот на изминатите 24 часа имало на целата територија на државата, пообилни во Маврово, Тетово, Лазарополе и Дебар.Според УХМР во Маврово се измерени 130 литри на метар квадратен воден талог, во Тетово 84, Лазарополе 75, Дебар 71, Охрид 44, Скопје 35, Куманово 19, Претор 12, Крушео и Тополчани 10, Прилеп 7, Скопје-Петровец шест, Крива Паланка пет и Берово, Штип и Битола еден литар.
Температурите насекаде биле во позитива и се движеле од четири во Тетово и Лазарополе, пет во Маврово, шест во Куманово, Дебар и Берово, седум во Крушево, осум во Гевгелија, Скопје Петровец, девет во Скопје, Претор и Тополчани, 10 во Охрид, Прилеп и Крива Паланка, 11 во Битола, 12 во Демир Капија, 13 во Виница, 14 во Дојран и Штип и 16 во Струмица.
Утрово времето е облачно на повеќе места со обилни врнежи од дожд, најобилни беа во западните делови. Дува слаб, а во источните делови на места повремено засилен ветер од јужен правец.
До крајот на денот времето ќе биде облачно на повеќе места со изобилни врнежи од дожд, најобилни во југозападните и источните делови на земјава каде се очекува да наврнат над 60 л/м2 воден талог. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен, а во јужните делови повремено засилен од југоисточен правец.
Максималната температура ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје времето ќе биде облачно со врнежи од дожд со умерен интензитет и со слаб до умерен ветер од од североисточен правец. Максималната температура ќе достигне до 10 степени.
За време на викендотврнежите ќе бидат полокализирани, но ќе има услови да бидат и поројни. Врнежи од снег ќе има само на највисоките планини во северозападните делови. Од понеделник ќе дува северен ветер, а температурите ќе бидат во опаѓање.