петок, 27 ноември 2026
Најново

Општина Гевгелија го усвои буџетот за првиот квартал од годинава

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Советот на општина Гевгелија денеска го усвои извештајот за извршување на општинскиот буџет во првиот квартал од оваа година, според кој реализираните приходи изнесуваат околу 100 милиони денари или 11,6 отсто.Во истиот временски период реализирани се расходи во износ од 93,8 милиони денари од кои 64,9 милиони денари биле употребени за материјални трошоци, а остантите 29 милиони денари се капитални расходи.
Ваквите буџетски остварувања, беше нагласено во расправата, се соодветни на фактот дека во првото тримесечие од годината се уште важеше изборниот процес кој значително го забави функционирањето на локалната самоуправа.
– До поголеми приходи од прикажаните не стигнавме поради неможноста за распишување јавна продажба на градежно земјиште, исполнување на барањата за дооформување на градежни парцели или завршување на други урбанистички постапки, рече градоначалникот Иван Франгов.Во истиот временски период реализирани се расходи во износ од 93,8 милиони денари од кои 64,9 милиони денари биле употребени за материјални трошоци

Поврзани вести