Се уредува дворот на ООУ „Блаже Конески“ во населбата Варош во Прилеп

Подрачното училиште „Блаже Конески“ во населбата Варош ќе добие ново партерно уредување на дворот. Средствата се обезбедени од буџетот на локалната самоуправа, а инвестицијата чини 1,5 милиони денари. Проектот опфаќа уредување на дворното место, поставување на бехатон плочки, како и ограден ѕид.„Да напоменам тоа дека дворот на ова училиште за прв пат се уредува во неговата историја. Освен што ќе бидат поставени бехатон плочки, дел од дворот ќе биде асфалтиран и на тоа место ќе биде направено баскет игралиште кое, освен учениците, ќе можат да го користат и сите други спортисти и ентузијасти од оваа населба. И нема да застанеме тука со оваа инвестиција, која е прва фаза од целиот проект. Во втората фаза ќе одиме со инвестиција од уште 2 милиони денари за комплетно дозаградување на училиштето, средување на потпорниот ѕид и хортикултурно уредување на дворот. Досега во ова училиште имаме инвестирано 6 милиони денари, со што комплетно се уредени неговиот внатрешен и надворешен дел, вклучувајќи го тука покривот, инвентарот, подовите, тоалетите, а се поставени и нови прозорци за енергетска ефикасност“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Во ова училиште учат околу 100 деца, распределени во 5 паралелки со по 20-тина деца. „Многу ми е драго што се реализираат овие проекти. Во 2008 година се реновираше покривот и санитарните јазли во висина од 1.800.000 денари. Во 2013 година беа одделени 2.000.000 денари за комплетно реновирање на подови, ѕидови, тавани и енергетски прозорци, а сега се уредува дворното место. Ова е едно од најстарите училишта во градот и се надевам дека и самите ученици и вработени ќе бидат задоволни со сите овие проекти кои се реализираат тука со поддршка на локалната самоуправа од Прилеп“, истакна Марија Дулеска, директор на ООУ „Блаже Конески“. 
Инаку овој објектот е изграден во 1926 година и после скоро еден век инвестициите што ги направи оваа локална самоуправа се воопшто првите инвестиции и реконструкции во училиштето откако тоа е изградено.

„Да напоменам тоа дека дворот на ова училиште за прв пат се уредува во неговата историја. Освен што ќе бидат поставени бехатон плочки, д

Пронајдете не на следниве мрежи: