„Македонија пат“ – Прилеп подготвена за претстојните празници

„Македонија пат“ – Прилеп е подготвена за Новогодишните и Божикните празници и со полн капацитет нашите екипи ќе дежураат 24 часа на зимските пунктови. Ова денеска го изјави раководителот на „Македонија пат“ – Прилеп, Гоце Стефаноски, потенцирајќи дека сите нивни возила биле исправни и на располагање.„Во моментов имаме 4 тешки возила исправни за чистење на снег, 2 полутеретни возила, 2 утоварни возила и нема да има никакви проблеми за одвивање на сообраќајот. Сите што сакаат овие денови да ги поминат во Прилеп можат слободно да дојдат со своите возила затоа што магистралните и регионалните патишта ќе бидат проодни. Во оваа прилика сакам да упатам апел до сите учесници во сообраќајот да внимаваат на патната сигнализација и на условите за патот“, Гоце Стефаноски, раководител на „Македонија пат“ – Прилеп.
Подружницата на „Македонија пат“ – Прилеп денеска ја посети и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој традиционално како и секоја година на децата од вработените во „Македонија пат“ заедно со Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња.
„Традицонално секоја година доаѓаме тука заедно со Дедо Мраз на децата од вработените во „Македонија пат“ – Прилеп да им донесеме новогодишни пакетчиња. Им посакувам во наредната 2017 година да имаат многу здравје, среќа и успех. Тука сакам да ја потенцирам одличната соработка која ние како локална самоуправа ја имаме со „Македонија пат“ во текот на целата година, а особено во текот на зимата кога тие секогаш се подготвени и ги обезбедуваат сите патишта во општина Прилеп“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
 „Во моментов имаме 4 тешки возила исправни за чистење на снег, 2 полутеретни возила, 2 утоварни возила и нема да има никакви пробле

Пронајдете не на следниве мрежи: