Литија во чест на Св.Нектариј Битолски

  Општина Битола во соработка со Преспанско-пелагониската епархија започна со одбележување на денот на преподобен Св.Нектариј Битолски – светец заштитник на градот Битола.Одлуката за прогласување на Св.Нектариј Битолски за заштитник на градот е донесена од страна на Советот на општина Битола во 2008 година и од тогаш, секоја година традиционално со низа програмски активности се одбележува 18. декември денот на светецот заштитник.
   На денот на заштитникот на Битола, Свети Нектариј Битолски, во Црквата Свети Великомаченик Димитриј со почеток во 8.00 часот се одржа света божествена литургија, а веднаш потоа и литија –  носење на моштите на Свети Агатангел Битолски низ улиците на централното градско подрачје.  Литијата беше проследена со присуство на голем број битолчани.

   Градоначалникот на Општина Битола д-р Владимир Талески им го честиташе големот празник Св. Нектариј Битолски, на сите граѓани на Битола и упати апел: „ Еве и на овој ден да се вратиме на вистинските морални и духовни вредности, кон човечките вредности, да се обединиме и токму да веруваме, да се надеваме и да сакаме да го направиме она што одсекогаш била вистинската замисла. Секој од нас треба вистински да се запраша дали е ова она што сме го посакувале целиот свој живот. Дали е ова што ни се случува тоа што е нашиот идеал, тоа што е нашата вистинска и крајна цел. Во секој случај сите треба да се подобриме, да се поправиме, да се обединиме и враќајќи ги вистинските вредности да го направиме она што е најдобро за сите. Нека ни е за многу години Св. Нектариј и ги поздравувам сите наши граѓани.“
   Синоќа во Народниот театар во Битола традиционално се одржа Свечената академија по повод чествувањето на Патронот на градот Битола Св. Нектариј Битолски која содржеше пригодна програма. На академијата градоначалникот д-р Владимир Талески и Митрополитот Преспанско – Пелагониски, г.Петар , им го честитаа денот на заштитникот на градот Св. Нектариј Битолски на присутните, а и на сите граѓани на Општина Битола.Одлуката за прогласување на Св.Нектариј Битолски за заштитник на градот е донесена од страна на Советот на општина Битола во 2008 година и од тогаш

Пронајдете не на следниве мрежи: