Не стивнуваат реакциите на гневните жители на Ранковце кои се згрозени од неодговорното работење на градоначалникот Момчило Алексовски.До редакцијата на Пулс24 пристигна писмо од гневни жители на општина Ранковце, во кое искажуваат револт кон, како што велат тие, неодговорното однесување на актуелниот градоначалник.
Ви го пренесуваме писмото на група загрижени граѓани од општина Ранковце во целост
Денес сакаме да ја искажеме нашата загриженост за неодговорното работење на градоначалникот Момчило Алексовски.
Веќе подолго време тој е надвор од Општина Ранковце (може да се најде во локалните продавници и кафани во видно алхохолизирана состојба), а како резултат на тоа целосно ја запостави функцијата градоначалник.
Не се реализираат проекти, а во општината владее вистински хаос. Но, тоа не го спречува обилно да ги користи ресурсите на општината за партиско – политички цели.
Во оваа прилика нема да зборуваме за тендерите, партиските вработувања и слично, туку ќе осврнеме на користењето на вработените во општината и ЈКП. Тоа е недозволиво и дрско однесување од вработените кои наместо да си ги извршуваат работните задачи за кои се платени, извршуваат партиски цели.
Прашуваме, дали овие луѓе кои се вработени во општината и во ЈКП навистина работат таму или се на работа низ партиските штабови на СДСМ?
Дали вработените како Дарко Тодосовски, Мирче, Борко Давидовски кои земаат плата од општина Ранковце, работат во општината или во штабот на СДСМ?
Го повикуваме Момчило Алексовски да престане со неодговорното однесување и да ја извршува функцијата градоначалник.До редакцијата на Пулс24 пристигна писмо од гневни жители на општина Ранковце, во кое искажуваат револт кон, како што велат тие, неодговорното одне