Општина Прилеп денеска беше домаќин на „Информативна сесија за нацрт Сеопфатна стратегија за образование 2016-2020“.Стратегијата ги опфаќа сите нивоа на образование и има за цел да ја оствари визијата за сеопфатно, инклузивно и меѓуетнички интегрирано образование што се фокусира на ученикот и се базира на модерните програми кои ќе им дадат знаење, вештини и компетенции на идните генерации.
Визијата што е определена со оваа стратегија се заснова на јасно утврдување на главните предизвици на образовниот сектор од кои произлегуваат приоритетите во кои треба да се внесат промени во временски период до 2020 година.
Стратегијата исто така предлага и подолгорочни цели кои можат да се земат во предвид кога ќе се програмираат следните фази на развој на образованието во земјата.Стратегијата ги опфаќа сите нивоа на образование и има за цел да ја оствари визијата за сеопфатно, инклузивно и меѓуетнички интегрирано образование