Општина Богданци го одбележа Денот на ослободувањето – 10 октомври

Општина Богданци денеска го одбележа Денот на ослободувањето – 10 октомври.Свеченото одбележување на 72 годишнината од ослободувањето од фашистичкиот окупатор беше проследено со пригодна празнична програма која почна со положување свежо цвеќе пред спомен бистите на паднатите борци од страна на делегацијата на општина Богданци,претставници на боречката организација,политичките партии и здруженија на граѓани кои ја изразија почитта кон загинатите во воените дејствија за ослободување на Богданци.
Општинската делегација беше предводена од градоначалничката Анастасија Олумчева која во оваа пригода нагласи дека никогаш нема да се заборави борбата на луѓето кои загинале за нашата слобода, дека ќе се почитуваат нивните дела и оти ќе се продолжи по патот на нивниот сон за слободно Богданци.
Прославата на општинскиот празник заврши со културна програма во изведба на ученици од средното општинско училиште во чии што рамки беа врачени и наградите на најупешните учесници во литературно-ликовниот конкурс на тема „Го сакам Богданци“.Свеченото одбележување на 72 годишнината од ослободувањето од фашистичкиот окупатор беше проследено со пригодна празнична програма која почна со по

Пронајдете не на следниве мрежи: