Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски и градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, денеска /07.10.2016 година/ го означија почетокот на втората фаза од изградбата на инфраструктурата на улицата Никола Киров Мајски и улицата 5 во населбата Хиподром 2.- На овие две новотрасирани улици ќе се постави водоводна, фекална и атмосферска мрежа, улиците ќе се асфалтираат и ќе се формираат тротоари, на должина од 600 метри. Поставувањето на новата инфраструктура на улицата Никола Киров Мајски и улицата 5 ќе овозможи развој на новата населба Хиподром 2, што е во фаза на изградба. За овој капитален проект ќе се вложат околу 28,6 милиони денари, од кои 18 милиони денари се од Град Скопје, а останатите ќе ги издвои Општина Гази Баба. Последниве години се поголем број граѓани пројавуваат интерес да живеат во индивидуални куќи, а оваа населба е многу атрактивна. Градот Скопје размислува и подготвува документација за оформување влез и излез од оваа населба со што ќе се подобрат сообраќајните врски за ова населено место – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.
Градоначалникот на Општина Гази Баба, Тони Трајковски, објасни дека за населбата Хиподром 2 веќе е донесен Детален урбанистички план, со 12 згради и 300 куќи.
– Интересот кај граѓаните за оваа нова населба е голем. Веќе се откупени 75 парцели. Во наредниот период интензивно ќе работиме на поставување на потребната инфраструктура за да ги задоволиме потребите на граѓаните – рече Трајковски.
Рокот на изведба на градежните работи на инфраструктурата на улицата Никола Киров Мајски и улицата 5 во населбата Хиподром 2 изнесува 6 месеци, а на терен работат екипите на „Енергомонт“.- На овие две новотрасирани улици ќе се постави водоводна, фекална и атмосферска мрежа, улиците ќе се асфалтираат и ќе се формираат тротоари, на до