Градоначачникот на Град Скопје, Коце Трајановски и амбасадорот на Хрватска во Република Македонија, Данијела Баришиќ, вчера /28.09.2016 година/ во vip Арена Спортски центар Борис Трајковски, им ги доделија наградите на најуспешните на Меѓународниот средношколски турнир „Скопје 2016“.На дводневниот турнир, кој се одржуваше во големата и во малата сала во vip Арена Спортски центар Борис Трајковски, учествуваа средношколски екипи на Загреб од Хрватска, Подгорица од Црна Гора, Сараево од Босна и Херцеговина, Софија од Бугарија и екипи од средните училишта од Скопје.
Средношколските екипи се натпреваруваа во футсал, одбојка, ракомет и кошарка и ги постигна следниве резултати:
Во футсал (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Подгорица.
Во одбојка (женски) првото место го освоија средношколките од Скопје, втори беа средношколките од Софија, а на третото место средношколките од Загреб.
Во ракомет (женски) најдобра беше екипата на Скопје, втори беа средношколките на Загреб, а третото место го освои екипата од Подгорица.
Во ракомет (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Сараево.
Во кошарка (жени) најдобра беше екипата на Загреб, а второто несто го освоија средошколките на Скопје.Во кошарка (машки) првото место го освои екипата од Скопје, второто екипата од Загреб, а како трети се пласираа средошколците од Сараево.На дводневниот турнир, кој се одржуваше во големата и во малата сала в