На плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред Македонска опера и балет, вчеравечер (28.09.2016 година) почна јубилејниот, десетти по ред фестивал на виното „ВИНО СКОП 2016“. На плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред Македонска опера и балет, вчеравечер (28.09.2016 година) почна јубилејниот, десетти по ред фестивал на виното „ВИНО СКОП 2016“.
Сите посетители на традиционалниот фестивал до 2 октомври/ недела/, ќе може да дегустираат вино од десет најдобри македонски винарници, како и вински коктели- сангрија и вино мохито. Исто така, и годинава ќе има вкусни мезиња од македонски деликатеси: сирења, кашкавали, сувомеснати производи.
Годинава на Вино Скоп ќе има музичка понуда за сите вкусови, односно ќе имаме џез, блуз, фолк, рок, поп, танго, ирска музика, етно и шлагери. Свои настапи ќе имаат познати ѕвезди од домашната и од странската естрада како: Миле Кузмановски, Јаков Дренковски, Ефто Пупиноски, Владо Јаневски, Амадеус Бенд, Куку Леле, Ристо Самарџиев, Иван Гавриловиќ, Џафер, Чил Плеј, Ортодокс Келтс, Лили Чили и многу други.
Влезот на фестивалот како и секоја година е бесплатен и ќе биде отворен за посетители од 12 часот, а ќе трае се до доцните вечерни часови.
Годинава на нова локација, веднаш до реката Вардар се одржува најомилената есенска приказна, а веднаш до плоштадот „Мајка Тереза“ има неколку паркинзи каде што може да паркираат оние што ќе доаѓаат со возила, но секако препорачуваме сите што планираат да консумираат алкохол да не возат, туку да користат јавен превоз или такси.
И годинава плаќањето на „Вино Скоп“ се врши со фестивалски бонови, кои може да ги купите на влезовите на фестивалот.За реализација на овој фестивал на виното Градот Скопје од Буџетот издвои 700. 000 денари, а традиционално го организира „Темов“.На плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред Македонска опера и