Шесто издание на Крали Марко Треилс – Почувствувај ја легендата, истрчај го митот

На 24 и 25 септември оваа година со старт и финиш во прилепскиот Варош ќе се одржи шестото по ред и досега најмасовно издание на најголемата македонска ултрамаратонска трка Крали Марко Треилс, „По Стапките на Крали Марко”.„Учесниците ќе имаат цели 22 часа да ја завршат 90 километарската делница полна со голем број врвови, ридови, села и манастири. Следниот ден на 25.09 во 10 часот наутро е закажан стартот на 16 и 31 километарските трки на кои се пријавени 310 учесници, посочи Игор Јовановски од здружението за планинско трчање TREX и ПСД Макпетрол – Скопје.
Во сабота, на 24-ти во 23 часот со старт од амфитеатарот во Варош, ќе започне најдолгата трка „Крали Марко Ултра Треил“.
„Градоначалникот Ристески ги покани граѓаните да бидат дел од овој настан, а покрај трките за возрасни истакна дека ќе се одржи и трка за најмладата популација насловена Маркукуле Треил во должина од 1 километар“.
Крали Марко Треилс е повеќедневен настан кој се состои од неколку трки во планинско трчање и планинарење кои се одржуваат околу Марковите Кули, манастирот Трескавец и планината Бабуна. Оваа година КМТ ќе биде составен од четири трки – Трескавец Треил 16км, Камена Баба Треил 31км и Крали Марко Ултра Треил која со нејзините 90 километри ќе биде и прва официјална планинска ултрамаратонска трка.
Настанот е во организација на здружението за планинско трчање TREX, Општина Прилеп и ПСД Макпетрол – Скопје.
За повеќе информации посетете го веб-сајтот www.kmt.mk
Се гледаме на старт – Почувствувај ја легендата, истрчај го митот!
 „Учесниците ќе имаат цели 22 часа да ја завршат 90 километарската делница полна со голем број врвови, ридови, села и манастири. Сле

Пронајдете не на следниве мрежи: