Со Богата културно-уметничка програма беше одбележана 12-годишнината од постоењето на Општина Чешиново-Облешево

Вчера 21.09.2016 (Мала Боргородица) со богата културно-уметничка програма беше одбележана 12годишнината од постоењето на Општина Чешиново-Облешево.И оваа година  прославата започна со Традиционалниот чин на рачно зажнејување  на оризот, со што беше  означен почетокот на жетвената кампања во рамките на општината.
Културно-уметничкиот дел од програма  оваа година се одржа во Паркот во Облешево  каде што свој настап имаа  домашни и странски фолклорни групи учесници на „Истибанско Здравоживо“.  Публиката во Облешево уживаше во настапите над  300 учесници кои ги презентираа своите традиционални носии и ора на Фолклорните ансамбли на Украина , Монголија, Црна Гора, Косово и Метохија, Турција, Романија, Латвија, Македонија и др.
 Во вечерните часови публиката уживаше во концертниот  настапат на  Ефто Пупиновски, а веднаш по него разгорената  атмосферера ја збогати  и  атрактивната Даниела Темелковска.
Жителите на Чешиново-Облешево и околните општини и покрај дождливото време со добра музика, многу скара и алкохол го прославија празникот на општината.И оваа година  прославата започна со Традиционалниот чин на рачно зажнејување  на оризот, со што беше  означен почетокот н

Пронајдете не на следниве мрежи: