Општина Гази Баба интензивно работи на расчистување и санација во местата погодени од поплавите.Активноси во Смилковци
Со несмалено темпо се работи на расчистување на населените места и враќање на состојбите како пред поплавата. Во Смилковци денес (03.09.) се чисти каналот покрај патот до Црешево, а потоа ќе се тампoнираат банкините на патот. Исто така, во Смилковци се расчистува и просторот пред црквата, со соодветна механизација.
Расчистување на привремена депонија
Во тектот на ноќта и денешниот ден, се расчистува привремената депонија која се наоѓа на патот пoмеѓу Стајковци и Црешево. Оваа депонија граѓаните ја користеа за исфрлање на отпадот од куќите и дворовите, како последица од поплавата. На терен работат 14 камиони и 2 утоварувачи.
Асфалтирање на „Алија Авдовиќ“
На улица „Алија'Авдовиќ“ во Сингелиќ денес се работи на санација на првиот слој на асфалтот кој беше поставен непосредно пред невремето, а истиот беше однесен од поплавата. По поставувањето на првиот слој на асфалтот, ќе се постави и завршниот слој, а паралелно со тоа се поставуваат бекатон плочки на тротоарот долж улицата.Активноси во Смилковци
Со несмалено темпо се работи на расчистување на населените места и враќање на состојбите како пред