Ликовна уметност и хорско пеење во Карпош

Традиционално ,, Карпошовото културно лето’’ нуди разнообразност во својата програма. Оваа вечер на платото во Т.Ц ,, Лептокарија’’ ,   љубителите на уметничките слики можеа  да погледнат ликовна галерија од мноштво слики. На ликовниот хепенинг, домашни  и странски автори, создадоа прекрасни  уметнички  дела кои се продаваат по симболична цена. Уметничките дела од голем формат, граѓаните на Општина Карпош можат да ги купат по цена од 10.000 денари, додека делата од мал формат се продаваат по цена од 1.500 денари. Средствата  кои ќе бидат собрани од продажбата на овие уметнички слики, ќе бидат донација за настраданите граѓани од водената стихија,  која го зафати скопскиот регион  пред   две   седмици. Претседателот на Комисијата за култура  при Општина Карпош  Горан Михајлов, ги поздрави присутните карпошани  и им додели  благодарници на сликарите,  кои ги насликаа прекрасните уметнички слики.- Сакам  да упатам  посебна благодарност  до сите автори на овие извонредни уметнички дела, кои  дадоа несебичен придонес  во реализацијата на оваа вечер од летниот културен настан, и кои  директно ќе учествуваат  во помошта  на најзагрозените наши сограѓани од  поплавата. Исто така, сакам да упатам благодарност и  до вас присутните , кои ќе можете да уживате во изложбата на овие ликовни дела, и во изведбата на хоровите ,, Серенада’’ и ,, Кочо Рацин’’ , потенцираше Михајлов.
Љубителите на  хорското пеење, имаа  чест да ја слушаат изведбата на хорот ,, Серенада’’ кој за прв пат во своето,  повеќе од  триесетгодишно постоење  настапуваше на територијата на Општина Карпош, изведувајќи  песни во етнокласичен  стил. Карпошани  исто така, можеа да го проследат  и хорот ,, Кочо Рацин’’ , кој со својата прекрасна завршница,  ја комплетираше и оваа вечер од овогодинешното  културно лето во Општина  Карпош.
 – Сакам  да упатам  посебна благодарност  до сите автори на овие извонредни уметнички дела, кои  дадоа несебичен прид

Пронајдете не на следниве мрежи: