среда, 25 ноември 2026
Најново

Се реконструира спортската сала во штипското училиште „Ванчо Прке“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Почна реконструкцијата на спортската сала во едно од најголемите и најстарите основни училишта во Штип. Директорката на ООУ „Ванчо Прке“–Штип Весна Ничева, на прес-конференција истакна дека од денеска се заменуваат прозорците со цел учениците да имаат современи услови за одржување на редовната настава по физичко образование и воспитание.– Во спортската сала во ООУ „Ванчо Прке“ старите и дотраени прозорци се заменуваат со нови, а исто така во училишниот двор на спортското игралиште е направена промена на оградата, така има една поубава слика на спортскиот терен. Инвестицијата е вредна околу еден милион денари, рече Ничева.
Маја Ашкилова, советник за спорт во општина Штип информира дека обезбедени се околу 2,8 милиони денари од Министерството за образование и наука за реконструкција на спортските сали и изградба и реконструкција на отворените спортски терени во основните училишта.
– По реконструкцијата на спортската сала во ООУ „Ванчо Прке“, следна реконструкција е на спортската сала во ООУ „Тошо Арсов“. Се градат и спортски терени во подрачните училишта во селата Селце и Лакавица, Чардаклија и во Шашаварлија. Во моментов се работи на реконструкција и на спортските соблекувални во ООУ „Димитар Влахов“, рече Ашкилова.
Таа додаде дека општината заврши со оградување на спортскиот терен во населбата Горна Железничка, а во моментов се работи на оградување на игралиштето во населбата Ново село. По завршување на овој спортски терен екипите ќе работат и на спортските игралишта во населбата Пребег, Дузлак и во село Караорман.
Ашкилова информира дека останува да се реконструира и спортската сала во Средното електро-машинско училиште „Коле Нехтенин“, каде што треба да се санираат подот и прозорците.– Во спортската сала во ООУ „Ванчо Прке“ старите и дотраени прозорци се заменуваат со нови, а исто така во училишниот двор на спо

Поврзани вести