Берово најавува одлична забава за време на Етно Плоштад Фестивалот

Источниот регион е во очекување на еден од најдобрите културни настани кој се случува летниот период. Берово изминатите години изгради имиџ на град кој креира препознатливи културни настани,  кои ја подобрија културната понуда на регионот. 
Оваа година главна звезда на фестивалот  е балканската звезда Северина која што доаѓа во Берово по успешниот концерт во Гуча, Србија. Организаторот  најавува спектакуларен концерт на кој се очекува да пристигнат посетители од целиот регион и соседството.
Освен Северина најавени се настапите на SHINE, Фолтин, Нокаут, Горан Алачки, Ансамбал Македонија, Влатко Лозановски и танцов спектакал Fetish Dance Show со кој ќе биде затворен фестивалот.
Како дел од фестивалот на околу  50 штандови се одржува и саемот за еколошки производи и ракотворби „Малешевијата на дланка“ на кој произведувачите изложуваат здрава храна, ракотворби, еколошки производи, традиционални занаети и сувенири.
За време на фестивалот Берово се очекува да го посетат околу 70 000 посетители од Македонија и околните држави.
Освен вечерните концерти кои се одржуваат на 26 и 27 Август со почеток од 20 часот, преку ден фестивалот ќе биде збогатен со настапите на етно групи и ансабли од регионот.
На 27 август со почеток од 16 часот на главната сцена ќе се одржи концерт International Dance Show на кој ќе настапат танцови изведувачи од Австралија, Бразил и Америка.
Организатор на фестивалот е Општина Берово, а главен покровител и оваа година ќе биде компанијата Healthy Food by Zegin.
Програма
26 август 12.00 ч. Голема сцена
Свечено отварање –
Дефиле на учесници од фолклорни групи
Концерт на КУД Димитар Беровски
26 Август  (20 ч – 02 ч) Голема сцена
Вечерни концерти на Етно Плоштад Фестивал
Ансамбал Македонија/SHINE/Фолтин/Нокаут
27 Август  (20 ч – 02 ч) Голема сцена
Горан Алачки/Влатко Лозановски/СЕВЕРИНА/Fetish Dance Show
26 и 27 август  (10ч – 21ч)
Малешевијата на дланка- Саем на еколошки производи, сувенири и ракотворби
26 и 27 август  (12ч – 16ч)
Етно Матине – Плоштад
  
Оваа година главна звезда на фестивалот  е балканската звезда Северина која што доаѓа во Берово по успешниот концерт

Пронајдете не на следниве мрежи: