Општина Штип: До крајот на август,вкупно ќе бидат асфалтирани 18 улици вредни над 1.4 милиони евра

Општина Штип продолжува со инфраструктурно уредување на улици во градот и селата. По пуштањето во употреба на улиците во село Долани, и по завршување на асфалтирањето на улиците во приградската населба Караорман, следат нови активности со цел инффаструктурно уредување на градот. 
Во изминатите два месеци, активно се работи на асфалтирање на патишта и до крајот на август ќе бидат асфалтирани околу 18 улици при што за нив се издвоени над 1.3 милиони евра. Тука влегува асфалтирањето на патот кој ги поврзува Трогерци и Врсаково и Врсаково и Судиќ, потоа улиците „Димо Хаџи Димов“, „Јане Сандански“ и „Борко Талев“, „Борис Крајгер“, десен крак од „Косовска“, „Енгелсова“, крак од „Партизанска“ кај Дом на млади и други а во оваа листа влегуваат и активности кои ќе доминираат во текот на овој месец.
Во август ќе се асфалтираат две улици во населба „Баби“, тоа е „мара Минанева“ и „11 конгрес“ која ќе добие втор слој асфалт, потоа следат активности на „Иво Лола Рибар„ а во план за асфалтирање се и „Крсте Мисирков„, 300 метри од улица „АСНОМ“, вториот дел на „Вардарска“, и втор дел на „Вита Поп Јорданова“.
Мора да се посочи дека во општина Штип секојдневно стигнуваат нови барања за асфалтирање на улици, со оглед на тоа што луѓето гледаат дека ваков обем на активности за инфраструктурно уредување на градот не е забележан.
 
  
Во изминатите два месеци, активно се работи на асфалтирање на патишта и до крајот на август ќе бидат асфалтирани околу 18

Пронајдете не на следниве мрежи: