На почетокот од првиот километар од регионалниот пат Битола – Демир Хисар, за селото Смилево, поточно, кај месноста Мраморица, Општина Демир Хисар постави нова туристичка сигнализација.На скоро 3 ипол метарна дрвена конструкција, во двата правци на регионалниот пат, поставени се нови туристички патоказни табли со автентични мотиви од селото Смилево и културно – историските знаменитости на селото, известуваат од општината.
На левата страна од билбордите, доминираат препознатливата срдечна мијачка насмевка што го симболизира традиционалното мијачко гостопримство, и оригиналната смилевска народна носија претставени преку стамената смилевка Ангела Ковачевска.
Паралелно со изведбата на овие активности, Општина Демир Хисар изврши „освежување“ и на постојната туристичка сигнализација во селото, поставена пред 2-3 години. Станува збор за комплетно заменување на старите пластични патоказни табли, со нови, метални и далеку поквалитетни и поиздржливи на атмосферски влијанија.
Овие активности се само дел од низата други подготовки што Општина Демир Хисар ги прави пред годинашната прослава на Илинден што ќе се одржи на 2. август во Смилево.На скоро 3 ипол метарна дрвена конструкција, во двата правци на регионалниот пат, поставени се нови туристички патоказни табли со автентични мотиви