Елена Велевска, Драган Мијалковски и Горан Алачки дел од годинешните „Владимирски Илинденски средби“

“Владимирските Илинденски Средби” и оваа година ќе понудат богата културно-уметничка програма, штандови со ракотворби, здрава храна и кулинарски специјалитети од овој крај и вечерна игранка на отворено какви што пред децении се правеле во центарот на селото.Манифестацијата веќе прераснува во традиција и културно наследство за идните генерации со што центарот на културните збиднувања воОпштина Берово во периодот од 30 јули до 02 август е Владимирово каде ќе се одржат Владимирските Илинденски средби под мотото “Ладимерци дека и да сте, за Илинден дома да сте“.
Истата финансиски е поддржана од страна на Општина Берово прекупрограмата за култура, додека организатор и покровител е здружението “Владимирски Илинденски Средби“.
Програма за оваа година:
Сабота 30.07.2016 год.
09.00 Тргнување за Готен
11.00 Почеток на прославата по повод Готенската битка – Мурабето
12.00 Реферат по повод битката
14.00 Ручек за присутните
Недела 31.07.2016
10.00 Отворање на саем на локални производи
10.30 Отварање на турнир во мал фудбал
18.00 Дефиле на играорни групи
19.00 Промоција на книги во музејот
19.30 Свечено пуштање на реконструираната зграда на МЗ Владимирово
20.00 Свечено отварање на IV Владимирски Илинденски средби
20.10 Поздравен говор на претседателот на здружението Кирил Фичоски
20.15 Поздравен говор на градоначалникот Драги Наџински
20.20 Настап на поетесата Викторија Лапевска
20.30 Настап на КУД “Димитар Беровски“ – Берово
21.00 Настап на КУД “Китка“ Истибања
21.30 Настап на Драган Мијалковски и Горан Алачки
22.30 Свечено доделување на благодарници за спонзорите
Понеделник 01.08.2016
20.00 Наспап на КУД Пехчево
20.30 КУД “Распеани Велешани“
21.30 Настап на Елена Велевска
23.00 Игранка на отворени ВИС “Харем“ – Виница
Вторник 02.08.2016
07.00 Утринска литургија во црквата Св.Илија – Шилеви оградни
08.00 Припрема на Илинденски ручек
13.00 Настап на фолк ансамбл “Ратевски зурли“
15.00 Собор на сите присутни на Илинденски ручек (курбан) на манастир Св.Илија
20.00 Настап на КУД “Димитар Беровски“
21.00 Поведување на најголемото мегданско оро.
21.15 Штекици
24.00 Затворање на средбитеМанифестацијата веќе прераснува во традиција и културно наследство за идните генерации со што центарот на културните збиднувања воОпштина

Пронајдете не на следниве мрежи: