Охрид е домаќин на музичкиот настан „Ohrid calling“

По Лондон, Белград и Загреб, и Охрид станува центар на светски музички имиња. Од 1-ви август со настапите на светски познатите ди -џеи Nicky Romero и Lost Frequences закажани на стадионот „Билјанини извори“ ,Охрид станува домаќин на најголемиот музички настан годинава, „Ohrid calling“.Локалната самоуправа и Авалон продукција како организатори на случувањето очекуваат неколку илјадна публика ако се земе во предвид дека во рамки на фестивалот на 13 август е закажан настапот на легендарниот гитарист Al Di Meola, а ден потоа на СРЦ „Билјанини извори“ е настапот на светската рок атракција, групата „The Prodigy“.
Градоначалникот Никола Бакрачески на денешната прес конференција одржана по повод престојното фестивалско издание изрази надеж дека „Ohrid calling“ ќе стане препознатлив бренд во иднина при што продолжуваат напорите на Локалната самоуправа да воведе нови правци и нови ветришта во промоцијата на туристичката понуда на градот Охрид.
-Ја користам оваа прилика да се заблагодарам на продукциската куќа Авалон за можноста после нашите долги најави и напори да воведеме еден нов квалитет во културно -забавниот живот во Охрид и нова понуда, која ќе стане атракција за голем дел од туристите коишто имаат намера да доаѓаат кај нас и тоа ќе стане поттик за да го одберат нашиов град како крајна туристичка дестинација. Сметам дека ова ќе биде еден иницијален момент во којшто со поширока ангажираност на сите субјекти покрај Авалон и Локалната, ќе можеме од година во година ова издание да го прошируваме. Намерата е во листата посетители- учесници на настанот да се вклучуваат многу познати светски музички имиња, кои ќе бидат причина Охрид да се етаблира во еден регионален центар кој ќе се развива од година во година и ќе претставува не само туристичка атракција туку и музичка дестинација, која сигнификантно ќе ја зголеми атрактивноста на градот Охрид- рече градоначалникот Бакрачески додавајќи дека локалната власт во изминатиов тригодишен период во континуитет е максимално посветена да создава услови и да опслужува ѕвезди со светско реноме со чии настапи се подобрува туристичката понуда на Охрид.Локалната самоуправа и Авалон продукција како организатори на случувањето очекуваат неколку илјадна публика ако се земе во предвид дека во рамки на

Пронајдете не на следниве мрежи: